Заедничка радост за попристапен простор во нашето училиште!

На ден 13.05.2024 година, со големо задоволство, објавуваме дека училишниот лифт за ученици со посебни потреби официјално е отворен!
Ова не е само отворање, туку израз на нашата посветеност за еднаквост и вклученост во образованието. Сега сите наши ученици имаат можност полесно и побезбедно да одат на час.
Ви благодариме на сите што придонесоа без двоумење да се овозможи овој проект.
Дејвид и Кристи Скидмор,
Клеј и Кетрин, Стрингам, Вели КИЗИЛ и Ергун ОСМАНОГЛУ, НВО „Респект+“ - Скопје, НВО „Европа Идеа“ - Скопје, Ефтинија Импекс, Мухаедин Бела, Фадил Муртезани.
Заедно, градиме поинклузивна средина за сите наши ученици! #Инклузивност #ОбразованиеЗаСите

Со почит,
Директорка: Сузана Ј. К.