Erasmus+ project: FAB, Fully Avoid Bully

Нашето училиште од оваа учебна година е дел од исклучително важен социјален и меѓународен проект во рамките на програмата ЕРАЗМУС +: „FAB, Fully Avoid Bully“, 2020-1-IT02-KA229-079166_5, 2020-2022, во соработка со училишта од Италија, Шпанија, Романија и Турција. Проектот ќе се одржи во текот на академската 2020-2021 и 2021-2022 година. Проектот е одлична можност и за наставниците и за учениците од нашето училиште, но и за целото општество да се запознаат со тоа што нуди ЕРАЗМУС +, како да станете дел од оваа заедница, како и со искуствата и добрите практики од другите европски училишта поврзани до темата на проектот, односно булизмот како вознемирувачка појава во нашите училишта. За време на реализацијата на проектните задачи, активностите ќе ги води проф. Арлинда Кастрати, квалификуван и професионален едукатор вклучена во повеќе европски проекти и во образовниот процес како целина. Честитки за директорот м-р Фадил Муртезани и до сите учесници во проектот.