За Нас

Основното училиште 25 Мај - Сингелиќ е изградено 1965 година, после многу години е направена целосна реконструкција во 2015 година со Европски изглед и услови.
Добрите дела остануваат за новите генерации. Секоја револуција во позитивен аспект за образованието е духовна и национална вредност. Нашето училиште по долго време е целосно реконструирано почнувајки од училишниот двор, покривот, прозорците, вратите, подот, тоалетите, кабинетите, училишните клупи и столчиња, училишната спортска сала и многу други работи со кои учениците на нашето училиште се горди дека се дел од него. Најзначајно во ова е професионалната работа на наставниците кои за разлика од другите училишта работат на многу професионален начин со употреба на проектори, магнетни табли и многу други стредства по сите предмети, почнувајки од прво до девето одделение. Во нашето училиште функционира триаголникот родител, наставник и ученик кој придонесува за големи успеси учествувајки во општински, национални и меѓународни натпревари. Директорот заедно со неговите соработници секоја година создава уште подобри услови за работа  на наставниците и учениците, така што нивните резултати да бидат уште подобри.