Erasmus project „Don't change the climate, change the system“ 2020_1_IT02-KA229-079442 Активности во рамки на проектот „Don't change the climate, change the system'' 2020_1_IT02-KA229-079442
Почитувани, Како дел од проектот „Don't change the climate, change the system'’’ 2020-1-IT02-KA229-079442, ООУ ''25 Мај'', заедно со другите училишта кои се дел од истоимениот проект, по повод Светскиот ден на планетата Земја на ден 22.04.2022 организираше еднодневна виртуелна научна работилница. Целта на оваа научна работилница беше запознавањето со климатските промени, последиците од климатските промени како и активностите кои ние како граѓани на ова општество треба да ги спроведиме со цел зачувување на животната средина. Активностите беа подготвени и предводени од координаторот на проектот Арлинда Кастрати во соработка со координаторите од училиштата кои се дел од истоимениот проект. Презентациите беа прикажани преку интернет платформите zoom, како и canva.com , padlet.com, menti.com. Исто така, организиравме и натпревар преку kahoot.it во кои учестувуваа учениците од училиштата партнери во проектот. Креирана е и брошура наменета за овој проект и презентацијата е објавена на веб страната на училиштето.
За дополнителни прашања и информации може да се информирате на веб страната на нашето училиштe