Европска ознака за квалитет 2021

Арлинда Кастрати и нашето училиште беа наградени со Европска ознака за квалитет за нашата работа во два еТвининг проекти:

- „MANİSAFER (Manisa Is Safer)“, и
- „Digi-Edu-vation (Digital Education Innovation)“

Тоа значи дека нашата работа, работата на нашите ученици и нашето училиште е признаена на највисоко Европско ниво.

Како резултат на тоа добивме сертификати кои се прикачени на веб страната на училиштето. Исто така нашите проекти ќе се вметнат во посебен простор на Европскиот портал www.etwinning.net.

Честитки за нашето достигнување!