Еразмус+ денови

Активности по повод Еразмус+ денови, во рамки на проектот „Не ја менувајте климата, менувајте го системот“

Почитувани,
Како дел од проектот „Don't change the climate, change the system“ 2020-1-IT02-KA229-079442, ООУ ''25 Мај'', заедно со другите училишта кои се дел од истоимениот проект, по повод деновите на Ерасмус. Оваа година 15, 16 и 17 октомври се Еразмус+ денови . По тој повод нашето училиште заедно со другите училишта кои се дел од истоимениот проект организираше неколку настани, со кои нашите ученици беа запознаени со можностите кои ги нуди Еразмус+ програмата за ученици и онлине средба со учениците од училиштата кои се дел од истоимениот проект. Во организацијата на овој настан учестуваа координаторите на училиштата кои придонесуваат за успешно реализирање на планираните активности во проектот  „Don't change the climate, change the system“ 2020-1-IT02-KA229-079442. Исто така беа презентирани неколку  виртуелна научни презентации. Целта на овие научни работилница беше запознавањето со климатските промени, последиците од климатските промени како и активностите кои ние како граѓани на ова општество треба да ги спроведиме со цел зачувување на животната средина. Активностите беа подготвени и предводени од координаторот на проектот Арлинда Кастрати во соработка со координаторите од училиштата кои се дел од истоимениот проект. Презентациите беа прикажани преку интернет платформите zoom, како и canva.com , padlet.com, menti.com. Исто така, организиравме и натпревар преку kahoot.it во кои учестувуваа учениците од училиштата партнери во проектот. Ова еднодневна работилница беше поздравена од директорот на ООУ мр. Фадил Муртезани, од директорите на училиштата партнери во проектот, од координаторите на истоимениот проект како и од другите учесници во воспитно образовниот процес. Креирана е и брошура наменета за активностите во рамки на овој проект и презентацијата е објавена на веб страната на училиштето како и на Етвининг платформата.