Erasmus project „Don't change the climate, change the system“ 2020_1_IT02-KA229-079442
Активности во рамки на проектот „Don't change the climate, change the system“ 2020_1_IT02-KA229-079442
Почитувани,
Како дел од проектот „Don't change the climate, change the system“ 2020-1-IT02-KA229-079442, ООУ ''25 Мај'', заедно со другите училишта кои се дел од истоимениот проект, по повод деновите на пролетта за заштита на околината на ден 26.03.2021 организираше еднодневна виртуелна научна работилница. Целта на оваа научна работилница беше запознавањето со климатските промени, последиците од климатските промени како и активностите кои ние како граѓани на ова општество треба да ги спроведиме со цел зачувување на животната средина. Активностите беа подготвени и предводени од координаторот на проектот Арлинда Кастрати во соработка со координаторите од училиштата кои се дел од истоимениот проект. Презентациите беа прикажани преку интернет платформите zoom, како и canva.com , padlet.com, menti.com. Исто така, организиравме и натпревар преку kahoot.it во кои учестувуваа учениците од училиштата партнери во проектот. Ова еднодневна работилница беше поздравена од директорот на ООУ мр. Фадил Муртезани, од директорите на училиштата партнери во проектот, од координаторите на истоимениот проект како и од другите учесници во воспитно образовниот процес. Креирана е и брошура наменета за овој проект и презентацијата е објавена на веб страната на училиштето како и на линкот:
За дополнителни прашања и информации може да се информирате на веб страната на нашето училиштe