Активности во чест на Светскиот ден на детето

Проект Еразмус „Fully Avoid Bully“ 
Активности во чест на Светскиот ден на детето - 20 ноември

Почитувани,
Како дел од проектот „Fully Avoid Bully’’ 2020-1-IT02-KA229-079166_5, ООУ ''25 Мај'', заедно со другите училишта кои се дел од истоимениот проект, по повод на Светскиот ден на детето-20 ноември, организира виртуелна исложба на детски цртежи на тема „Пријателството денес''. Цртежите се собираа преку padlet.com и се објавени на посебната веб страна  и  на која учениците, родителите како и другите учесници во воспитно образовниот процес може да ги посетат во секое време. Целта на оваа изложба е да се покаже начинот на тоа како децата гледаат на пријателството денес, во период кога процесот на социјализација е ограничен и воспитно образовниот процес се одвива  онлине во домашни услови. Исто така во основното училиште ''25 Мај'' беше прикажана PowerPoint презентација со цел запознавање на учениците со Светскиот ден на детето. Презентацијата е објавена на веб страната на училиштето како и на линкот .
За дополнителни прашања и информации може да се информирате на веб страната на нашето училиште .