Саб, 03/5/2025
Со големо задоволство и гордост Ве известуваме дека ученичката Блина Мемети од VII одделение во ОУ „25 Мај“ – Хасанбег, oпштина Гази Баба, постигна одличен успех на општинските и регионалните натпревари по математика.
По успешно пласирање, Блина денес ја претставува нашето училиште на републичкиот натпревар што се одржува на Природно-математичкиот факултет (ПМФ), во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ) во Скопје.
Овој резултат е доказ за нејзината посветеност, труд и љубов кон математиката. Честитки за заслужениот успех и многу среќа и понатаму во нејзиниот академски пат!
Ментор: Шеиде Ферати (наставничка по математика).
Од координаторот: Ардиан Хамити