Мултикултурализмот во образованието - 3

Активност во рамките на проектот „Мултикултурализмот во образованието“ во ООУ „25 Мај“. На 24 април 2025 година, во просториите на ООУ „25 Мај“ беше успешно организирана и реализирана уште една активност во рамките на проектот „Мултикултурализмот во образованието“. Оваа активност, насочена кон промоција на соживотот и меѓусебното почитување преку спортски и заеднички активности, обедини голем број ученици кои ја демонстрираа духот на единство и разбирање. Часот, замислен и реализиран од наставникот по физичко и здравствено образование, г. Фљорим Муртезани, создаде динамична и инспиративна атмосфера. Преку заедничките активности, учениците имаа можност да доживеат посебни моменти, зајакнувајќи ги своите тимски вештини, чувството на солидарност и почитта кон културната разновидност. Активноста се реализираше под координација на м-р Дитурие Сејфедини, Саљате Бектеши и г-ѓа Роза Јаневска, кои посветено го водат спроведувањето на проектот во училиштето.