Мултикултурализам во образованието - 1

Во рамките на проектот „Мултикултурализам во образованието“, поддржан од МОН, беше реализирана првата активност – литературно творештво и избор на наслов за заедничка тема, за создавање на заедничка книга.
Проектот продолжи во духот на соработката меѓу нашето училиште и партнерското основно училиште „Дане Крапчев“. Првата работилница се одржа на 17.04.2025 во просториите на ООУ „25 Мај“ со учениците од петто одделение и со ученици од VIII-4 и VI-2 од партнерското училиште.
Учениците имаа можност да се запознаат, да разменат мислења и да создадат поезија на тема „Пријателство“. Нивните творби беа читани на албански и македонски јазик. Тие ги споделија своите искуства со прочитани книги, омилените автори и се согласија да создадат заедничка книга што ќе ги содржи нивните литературни дела и ќе ја промовира мултикултурата, пријателството и соработката.

Координаторки:
Дитурије Сефедини и Роза Јаневска