Потпишан договор за соработка

На 7 март 2025 година, во чест на Денот на учителот, беше потпишан договор за соработка помеѓу Основното училиште „Илирија“ од Приштина и Основното училиште „25 Мај“ од Скопје.

Овој договор претставува значаен чекор во градењето на образовните и културните односи меѓу двете училишта.

Целта на оваа соработка е развивање на можности за размена и меѓусебна поддршка меѓу двете образовни институции, вклучувајќи заеднички проекти, културни активности и размена на искуства.

На потпишувањето на договорот присуствуваше и пријателското училиште со кое нашето училиште соработува веќе неколку години, „Проф. Ибрахим Келменди“ од Прешево.