ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани родители, ученици и наставен кадар,
 
Со задоволство ве известуваме дека нашето училиште е добитник на значаен проект поддржан од Министерството за образование и наука, кој има за цел промовирање на мултикултурализмот во образованието. Овој проект е насочен кон зајакнување на соработката меѓу учениците со различно потекло и поттикнување на културната разновидност.
 
Преку овој проект ќе се организираат различни едукативни и културни активности, како што се:
 
- Работилници и обуки за толеранција и почитување на различните култури
- Уметнички и јазични активности за поттикнување на меѓукултурната размена
- Развивање на наставни материјали кои ја одразуваат културната разновидност
- Заеднички проекти со други училишта за споделување на искуства и добри практики
 
Му се заблагодаруваме на Министерството за образование и наука за поддршката, како и за посветеноста во создавањето на поотворена и поразновидна средина за нашите ученици.
 
Координатори: Саљате Бектеши & Дитурије Сејфедини
Со почит,
Директор: Сузана Ј. К.