Чет, 07/11/2024
Почитувани донатори „Добротворците на Хасaнбег“,
Во име на целиот наш училишен колектив, ви упатуваме најискрени благодарности за вашата драгоцена поддршка во изградбата на покривот на нашето училиште во периферијата. Благодарение на вашата помош и посветеност, нашите ученици сега имаат безбедна и пријатна средина.
Вашата инвестиција не претставува само физичка структура, туку жив пример на солидарност и грижа за новите генерации. Вашата посветеност за благосостојбата на нашата заедница инспирира не само учениците и наставниците, туку и сите кои се ангажирани во образованието.
Со голема благодарност и почит,
Директор: Сузана Ј. К.
О.У. „25 Мај“