Земање на температурата

Проект „Мултикултурализмот во образованието“
Спроведено истражување „Земање на температурата“, две квалитативни работилници, презентација од нашите пријатели и изработка на флаер со нашите пораки за сите вас.
Нашата последна активност е спроведување на иницијатива за спречување на секаков вид насилство меѓу учениците под мотото „Стоп за насилството“.
Од успешната соработка помеѓу две општински основни училишта („25 Мај“ и „Дане Крапчев“) сакаме да ви кажеме дека поттикнавме многу млади и возрасни луѓе да промовираат позитивни вредности и акции за спречување на насилството од врсниците.
Сфативме дека мора да го чуваме и негуваме нашето културно наследство. Научивме дека Водата е вредна - затоа треба да ја зачуваме. Стекнавме нови пријателства, запознавме други култури, научивме дека треба да се почитуваме, да се дружиме, да бидеме толерантни и дека различноста го прави овој свет поубав.
СЕ ГЛЕДАМЕ НА СЛЕДНИТЕ ПРОЕКТИ!
Кординатори: Саљате Б. & Розе Ј.