Вто, 02/5/2017
Заедничка посета на Смоларски водопад - Струмица реализирана активност од проектот “Градиме мостови“ на 25.04.2017 (вторник)
На двесте километри од Скопје, во општината Ново Село, Струмичко, скриено во длабока шума, бегајќи од погледот на човекот, започнува приказната за Смоларскиот водопад.
Смоларскиот водопад се смета за најголемиот и единствен постојан водопад во Македонија, кој постојано има пад на водата од дури 39,5 метри височина.