Сре, 12/4/2017
Заедничка посета на Вруток - изворот на реката Вардар реализирана активност од проектот “Градиме мостови“ на 07.04.2017 (петок)
Вруток е надалеку познатиот карстен извор на најголемата и најдолга река во Македонија, реката Вардар.
Изворот кој е именуван според селото Вруток се наоѓа во општината Гостивар, во југозападниот дел на Полошката котлина на само 7 км. оддалеченост од центарот на општината, на 683 метри надморска височина.
Самото име вруток и значи врело, извор.
Водата од изворот е чиста и питка и неа ја пијат жителите на Гостивар и жителите од околните села и населени места.
Денес овие веќе надалеку познати места, изворот а и самото село Вруток, прераснуваат во вистинска туристичка атракција со огромен потенцијал за развој на еко - туризмот.
При посетатат учениците направија записи, слики фотографираа кои ќе ги користат за организирање на мултикултурното катче во своите училишта. И се одржа заеднички час за изворот Вруток на двата наставни јазици.