Новогодишниот Базар на храна се одржа во ходникот на училиштето на 20.12.2016. Во него зедоа учество следниве одделенија 6-1, 6-2, 6-6, 6-7, 9-1, 9-2, 3-2.
Учениците од овие одделенија заедно со своите мајки подготвија различни видови на храна, кои се продаваа по симболична цена од 10 ден. Многу насмеани лица, позитивна атмосфера и среќа во нивните очи. Парите што се собраа беа донирани на семејство во нашата населба, семејство кое најмногу ги осети последиците од поплавата.
ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНА АКТИВНОСТ
име на училиштето
"25 Мај"
наслов
Храна на пазарот на новата година
цел
да им нудимe помош на оние во неволја
Еден ден децата да се чувствуваат горди на својата работа