Почитувани,
Денес, во просториите на ООУ „25 Мај“ се одржа Еколошки час организиран од Општина Гази Баба во склоп на Европската недела на Мобилност. Еколошкиот час беше реализиран на Тема „Движи се рационално, штеди енергија“. Учениците беа запознаени со рационалниот пристап при користење на електричната енергија, гориво и други видови енергија, со цел да се намали негативниот ефект врз животната средина. Часот беше реализиран од страна на претставник од граѓанската организација ЗЕООП Скопје.
ООУ „25 Мај“ - изразува наша посебна благодарност до претставниците на општината Гази Баба и до Раководителот на Секторот за заштита на животната средина и природата Никола Јовановски и до реализаторот на часот Александра Петковска и ЗЕОООП. Со почит, како колектив ја цениме вашата одлична работа и придонес за новите перспективи и новите достигнувања на нашето училиште.