Сре, 28/12/2016
ИЗВЕШТАЈ ПО СПРОВЕДЕНА ЗАЕДНИЧКА АКТИВНОСТ ПОМЕЃУ ПАРТНЕР УЧИЛИШТАТА ООУ„СТИВ НАУМОВ“ И ОУ„25 МАЈ“ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА МЕѓУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Согласно целите и задачите на проектот, нашето училиште заедно со партнер училиштето спроведе заедничка активност насловена како „Подготовка на традиционални јадења“. При планирање и спроведување на активноста, беа запазени и испочитувани сите барања и критериуми пропишани за успешно спроведување на заедничка активност на партнер училишта. Беше воспоставен контакт помеѓу наставниците носители на активноста од двете училишта,кои заеднички изработија акционен план за реализирање на планираната активност.На средбата беа договорени времето и местото за реализација на заедничките активности. Следеше запознавање на учениците и родителите со планираната активност во секое од партнер училиштата. Од двете училишта беа избрани групи од по 15 ученика од петто и шесто одделение. Преку интернет конекција,учениците контактираа и разменуваа идеи. Потоа следеа шест најизменични средби на учениците и наставниците во секое од партнер училиштата.Организирани во етнички мешани групи,со помош на наставниците и родителите,учениците другаруваа,се договараа,разменуваа рецепти и ги купија потребните продукти за подготовка на баклава во ОУ„25 Мај“ и гравче во ООУ„Стив Наумов“. Завршните активности се реализираа на 06.11.2014 год. во ООУ „Стив Намов“и на 07.11.2014год. во ОУ„25 Мај“.За време на средбите забележителна беше кооперативна атмосфера како помеѓу учениците така и помеѓу наставниците од различни наставни јазици. Одговорни наставници: Славјанка Николова Сузана Апостолова Арјета Идризи Елизабета Стојановска |
АКЦИОНЕН ПЛАНЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА АКТИВНОСТ ПОМЕЃУ ООУ „СТИВ НАУМОВ“И ОOУ „25 МАЈ“ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТМЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОРАЗОВАНИЕТОПодготовка на традиционални јадења1. ОДГОВОРНИ ЗА АКТИВНОСТА: Славјанка Николова и Арјета Идризи
КОНКРЕТЕН ЧЕКОР | ОЧЕКУВАН РЕЗУЛТАТ | УСЛОВИ | РЕАЛИЗАТОРИ | ТЕРМИН | |
---|---|---|---|---|---|
ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ | 1+2 наставници (1 одговорен+2 реализатори) од секој наставен јазик | Средба на одговорните наставници со цел договарање пишани насоки за реализирање на заедничката активност | тимовите | 02.10.2014г. | |
СРЕДБА НА НАСТАВНИЦИТЕСО РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ„СТИВ НАУМОВ“ | Запознавање на учениците и родителите со планираната активност | Просторија во училиштето | 3 наставници 15 ученици родители | 06.10.2014г. | |
СРЕДБА НА НАСТАВНИЦИТЕСО РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ „25 МАЈ“ | Запознавање на учениците и родителите со планираната активност | Просторија во училиштето | 3 наставници 15 ученици родители | 13.10.2014г. | |
ВОСПОСТАВУВАЊЕ КОНТАКТ | Меѓусебно запознавање на учениците | Просторија во училиштето со компјутер, интернет | наставниците учениците | 17.10.2014г | |
СРЕДБА НА НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ„СТИВ НАУМОВ“ | Заеднички избор и договор за подготовка на традиционалното јадење | Училница во училиштето со компјутер, интернет | 30 ученици 6 наставници | ||
СРЕДБА НА НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ„25 МАЈ“ | Рецепти презентирани од страна на учениците со помош на наставниците (домашен рецепт за подготовка на гравче и баклава) | Училница во училиштето со компјутер, интернет, домашни рецепти | 30 ученици и 6 наставници | ||
СРЕДБА НА НАСТАВНИЦИТЕ УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ВО ООУ „СТИВ НАУМОВ" | Посета на најблиското зелено пазарче, разгледување и купување на потребните продуктиод (учениците со помош на наставниците и родителите) | Училница во училиштето, - список за пазарување за потребни продукти, зелено пазарче | 30 ученици 6 наставници 4 родители | 28.10.2014г. | |
СРЕДБА НА НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИ ВО ООУ„25 МАЈ“ | Договор за начинот на подготовка на храна од традиционалните јадења со помош на наставниците и родителите -подготовка на баклава | Училница во училиштето со компјутер,интернет и потребни материјали,училишна кујна | 30 ученици 6 наставници 4 родители | 03.11.2014г. | |
СРЕДБА НА НАСТАВНИЦИТЕ УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ВО ООУ„СТИВ НАУМОВ" | Учениците се запознати со традиционланата храна на различните етнички заедници Подготовка на гравче и консумирање на подготвеното гравче и баклава | Подготвено традиционално јадење - гравче и баклава, училишна кујна и трпезарија | 30 ученици 6 наставници 4 родители | 06.11.2014г. | |
СРЕДБА НА НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ„25 МАЈ“ | Другарување,размена на рецепти, впечатоции доживувања, -изработка на Хамери | Просторија во училиштето | 30 ученици 6 наставници 4 родители | 07.11.2014г. |