Урбан Свет

#Ситесмееднакви
Под мотото „Сите сме еднакви“ во организација на Здружение за промовирање на општествена одговорност „УРБАН СВЕТ“ на 09 и 13 јуни во ООУ "25 МАЈ" се реализираа низа активности за учениците со посебни образовни потреби.
Преку активностите ќе се придонесе да се унапреди квалитетот на воспитно - образвен процес на учениците со посебни образовни потреби, и воопшто квалитетот на нивниот живот.
Преку проектот обезбедивме за училиштето, нагледни средства и материјали, со што придонесувме кон обезбедување на ресурси за успешно и напредно извршување на активностите од страна на вработените, а соодветно на попреченоста која ја имаат учениците.
Во рамките на проектот кој што започна на 10 мај и ќе трае 6 месеци, планирани се активности во кои што основното училиште ООУ "25 МАЈ", ќе ги користи набавените материјали, кои ќе останат во сопственост на училиштето, со што набавените нагледни средства ќе се користат и во иднина.
Проектот „Сите сме еднакви“ е финансиски поддржан од Општина Гази Баба.
Истовремено овој проект ќе придонесе да се поттикнат и други организации и компании да се вклучат, да се унапреди свеста за општествена одговорност со цел да унапреди квалитетот на живот на овие луѓе.