Градиме мостови 2016/17 - 3

Оваа година 2016/17 година, нашето училиште ООУ„25 Мај“, по новата проектна апликација ја продолжува соработката од Градиме мостови со ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Ранковци, Општина Ранковци.  Досега двете училишта немале никаква меѓусебна соработка, но се потготвени да ја шират мрежата на Градиме мостови и да докажат дека јазикот не е пречка за другарување.
Третата заедничка посета ја реализиравме на 25.11.2016 година со посета на зимско рекреативниот центар Шар Планина. Зимско рекреативениот центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 м) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Се карактеризира со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај. Зимско-рекреативниот центар е одалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села.  Видикот од Попова Шапка е отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска глава (2540 м), а во подножјето се наоѓа Полошката Котлина. При посетата учениците прават записи, сликаат и  фотографираат, поделени во групи. Собраните, записи, слики и фотографии ќе бидат наменети за организирање на мултикултурно катче во секое училиште посебно.