МОБИЛНОСТ ВО ХРВАТСКА

ЕРАСМУС ПРОЕКТ „DON’T CHANGE THE CLIMATE, CHANGE THE SYSTEM! МОБИЛНОСТ ВО ХРВАТСКА - 11.12.2022 - 17.12.2022

Оваа мобилност во Хрватска се одржа од 11.12.2022 - 17.12.2022 заедно со партнерските училишта во проектот од Италија, Романија, Турција и Хрватска нека служи за модел за учениците од нашето училиште "25-ти мај", Скопје.
Целта на оваа мобилност е да се постигнат следниве цели:
- Препознавање на климатските промени преку дискусија, експериментирање и набљудување.
- Да ги направат студентите посвесни и поактивни за големо прашање како што се климатските промени.
- Фокусирање на целите за животната средина и климата, да ја поддржиме зголемената свест за предизвиците на еколошките и климатските промени, развојот на зелените секторски стратегии и методологии.