Градиме мостови 2016/17 - 2

Оваа година 2016/17 година, нашето училиште ООУ„25 Мај“, по новата проектна апликација ја продолжува соработката од Градиме мостови со ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Ранковци, Општина Ранковци.  Досега двете училишта немале никаква меѓусебна соработка, но се потготвени да ја шират мрежата на Градиме мостови и да докажат дека јазикот не е пречка за другарување.
Втората заедничка посета ја реализиравме на 03.11.2016 година со посета на веселата свадба во с. Куклица, Кратовско. На самото место е одржан час на двата наставни јазика, за постанокот на овој природен феномен, од гледна точка на легенда  и наука. По разгледувањето на камените кукли учениците се дружеа на заеднички  ручек. При посетата учениците прават фотографии и записи, а сето тоа ќе биде наменето за организирање на мулти културно катче во секое училиште посебно.