Градиме мостови 2016/17 - 1

Оваа година 2016/17 година, нашето училиште ООУ„25 Мај“, по новата проектна апликација ја продолжува соработката од Градиме мостови со ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Ранковци, Општина Ранковци. Досега двете училишта немале никаква меѓусебна соработка, но се потготвени да ја шират мрежата на Градиме мостови и да докажат дека јазикот не е пречка за другарување.
Проектната задача е на тема природни реткости – феномени во нашата држава. Најпрво беа изработени самостојни активности во секое од училиштата на својот наставен јазик, а потоа на 21.10.2016 година во ООУ „Х. Т. Карпош“ е реализирана првата заедничка средба со ООУ „25 Мај“. Учениците по запознавањето беа поделени на две мешани групи, каде ги реализираа активностите за мултикултурно учење, а потоа имаа заеднички ручек.