Оваа мобилност во Скопје се одржува од 03.10.2022 - 07.10.2022 заедно со партнерските училишта во проектот од Италија, Романија, Турција и Хрватска. Овие активности нека служат за модел за учениците од нашето училиште „25 Мај“, Скопје, да анализираат различни природни и општествени феномени и да послужат за модел за нивните врсници во нашето училиште и пошироко. Целта на оваа овој проект е мотивација на учениците да најдат различни пристапи за намалѕвање на климатските промени и алтернативни начини за борба против загадувањето.
Благодарност до директорот на ООУ „25 Мај“ г-дин Фадил Муртезани за подршката, до градоначалникот на Гази Баба, почитуваниот г-дин Бобан Стефковски за достоинствениот пречек на гостите, на нашите родители како и до нашите ученици. Нека им е успешна иднината.