Промоција на едукативниот проект под мотото „Безбедноста на децата во сообраќајот“, поддржан од Првата амбасада за деца „Меѓаши“, во рамките на проектот „Да ги земеме правата во свои раце“, финансиран од Шведската влада и Фондацијата „Save the Children - Kosovo“
Координатор на проектот: Florije Dika.
Проектот вклучува конкретна заложба за подигање на свеста, особено кај децата но и кај населението како целина, за важноста од познавање и почитување на сообраќајните правила и соработка со надлежните органи кои се занимаваат со регулирање на сообраќајот, како и со медиумите. Само на овој начин може да се постигне целта за подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и внимателно возење, со што би се избегнале сообраќајни несреќи кои често пати завршуваат не само со повредени лица, туку и со жртви.
Едукацијата на населението за безбедноста во сообраќајот е специфичен вид на едукација и важен елемент во општата безбедност. Оваа едукација не значи само познавање на правилата и обука за возење, туку и почитување на другите учесници во сообраќајот, почнувајќи од пешаците, каде што децата сочинуваат значителен процент, потоа другите возачи во сообраќајот, како и претставниците на институциите кои се занимаваат со регулирање и контрола на овие работи, пред се, сообраќајната полиција.
Сообраќајната култура и етиката почнуваат да се учат уште од рана возраст. Во тој поглед семејството и училиштето имаат посебно и незаменливо место и значење.
Зголемувањето на бројот на сообраќајните возила, како и другите актери во сообраќајот, наметнува дополнителна доза на грижа и внимание кај сите учесници во сообраќајот, особено при движење во близина на училишта.
Проектот има за цел да:
1. ја подигне свеста за важноста на безбедноста при движење на пат и воопшто, во сообраќајот, особено кај децата на училишна возраст,
2. го привлекува вниманието на возачите и другите учесници во сообраќајот за безбедноста на децата во сообраќајот, особено на оние од основно училиште,
3. ги информира, вклучува и едуцира децата и заедницата, преку партнерства со локалните институции, вклучувајќи ги сообраќајните службеници, граѓанскиот сектор и медиумите,
4. ги упатува учениците како да се однесуваат во сообраќајот.
- Училиштето во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата реализираше:
1. едукативни активности од превентивен карактер, со поголем број ученици, со цел да се оспособат малите деца за нивната безбедност при одење и враќање од училиште,
2. едукативно предавање, и
3. апел до населението за одговорно учество во сообраќајот, особено во околината на училиштата каде има движење на учениците.
- Исто така, учениците спроведоа дводневна кампања со делење летоци со содржина за безбедноста во сообраќајот.
Незнаењето и непочитувањето на правилата, негрижата, ароганцијата и неодговорноста во сообраќајот може да ги чинат луѓето животи.